to home page
to home page

Најчести прашања

Како делува Dianatal® ?
Dianatal®помага во намалување на триењето во тек на породувањето и на тој начин го прави полесно, пократко и понежно: фазата на експулзија може да биде до 30% пократка, а ризикот од повреда на перинеумот може да се намали за повеќе од пола.

Дали Dianatal® е безбеден за мене и моето бебе?
Поднесувањето и безбедноста на гелот Dianatal® и за мајката и за детето се ригорозно испитани. Не се воочени никакви несакани ефекти на преку 30.000 породувања. Dianatal® е безбеден за мајката и детето.

Дали дејството на гелот Dianatal® е научно докажано?
Ефикасноста на гелот Dianatal® е докажана со клинички студии.

Дали Dianatal® може да се користи при секое породување?
Dianatal®може да се користи при секое вагинално породување. Исто така Dianatal® е посебно погоден за породување во вода.

Кој го нанесува Dianatal®?
Dianatal® ® го нанесуваат акушери и лекари во текот на породувањето.

Зошто да не се употреби „обичен гел“?
Безбедноста и ефикасноста на „обичните гелови“ не може да се гарантира поради нивниот состав. Dianatal® поседува посебни својства кои другите гелови ги немаат.

Зарем амниотската течност и верниксот не се веќе доволно природно „лизгави“??
Додека амниотската течност сама по себе не е лизгава, верниксот е. За жал, кај повеќето новороденчиња, верниксот во голема мера е исчезнат, па така веќе не дава никакво олеснување во тек на породувањето.

Дали триењето е навистина релевантно во тек на породувањето?
Триењето меѓу таканаречениот породилен канал и бебето е важна сила која може да го отежне породувањето. Доколку триењето се намали со помош на гелот Dianatal®, породувањето станува полесно. Сличен пример е употребата на сапун за полесно да се извади прстен од прстот.