to home page
to home page

Апликација

Dianatal® се аплицира во текот на секој вагинален преглед за време на целиот породилен процес по настанување на редовните контракции, почнувајќи оптимално со вагиналниот преглед на околу 3-4 cm отвореност на грлото (активна фаза).

Dianatal® треба да се користи во текот на целото породување. Се нанесуваат околу 3-5 ml Dianatal® по примена, со помош на туба или рачно. Примената на гелот Dianatal® континуирано се врши во интервал од 1 до 4 часа, како би се обезбедил оптимален лубрикантен филм на породилниот канал, а породувањето би се направило побезбедно и полесно за мајката и бебето.